Концепт, локација и визија
Концепт, локација
и визија
Amon Caffe е современ урбан концепт што ги обединува автомобилската култура, квалитетното кафе и модерниот lifestyle во еден инспиративен простор. Лоциран во Градскиот Парк, на Северната трибина на Градскиот стадион, претставува интегрален дел од салоните на Geely и Lynk & Co. Amon Caffe е создаден како место за поврзување, релаксација и споделување идеи за соработници, клиенти и сите љубители на пријатен, cozy амбиент.
Нашата визија е едноставна: да понудиме повеќе од класично кафуле.
Квалитетна понуда
и архитектонски дизајн
Затоа внимателно селектиравме висококвалитетни 100% арабика кафиња, како и богат избор на алкохолни и безалкохолни пијалоци, сервирани со врвна услуга и внимание кон секој детал.
Просторот на Amon Caffe е дизајниран од реномирани архитекти, со модерен ентериер и урбана тераса која природно повикува на одмор, разговор и инспирација. Тоа го прави идеално место за деловни средби, неформални состаноци или моменти на целосна релаксација.
Урбана енергија, настани и креативна платформа
За време на викендите, Amon Caffe се трансформира во динамична сцена за забава, со тематски вечери и DJ изведувачи, носејќи нова енергија и урбан ритам во просторот.
Во рамки на Amon Caffe функционира и подкаст студио, наменето за подкасти од областа на автомобилското новинарство, како и за други тематски содржини, презентации и состаноци, место каде што се создаваат и споделуваат современи идеи.
Amon Caffe е место каде што стилот, квалитетот, бизнисот и урбаните лица се среќаваат и дружат.
Instagram:Погледнете го нашиот профил